сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСветЉубовта не познава поделби: Сексот е една од најубавите работи што ги...
spot_img

Љубовта не познава поделби: Сексот е една од најубавите работи што ги создал Бог, ЛГБТ лицата се добредојдени во Црквата

Папата Франциск во документарниот филм „Папата одговара“, зборуваше за „доблестите на сексот“ и го опиша како „една од најубавите работи што Бог и ги дал на човечката личност“.

Во документарниот филм наречен “Папата одговара”, кој го објави продуцентската куќа „Дизни+“, папата беше прикажан на средба со десет млади луѓе во раните дваесетти години.Средбата минатата година се одржа во Рим.

Се вели дека на овој собир имало дискусии на различни теми, како што се правата на ЛГБТ, абортусот, порно индустријата, односот меѓу сексот и религијата и сексуалната злоупотреба во католичката црква, пренесува Ројтерс.

„Сексот е една од најубавите работи што Бог и ги подарил на човечката личност. Богатство е да се изразиш преку секс. Затоа, сè што го намалува вистинското сексуално изразување, ве намалува и го исцрпува ова богатство“, рече Папата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ