сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСвет(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Атентат во Еквадор: Убиен претседателски кандидат!
spot_img

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Атентат во Еквадор: Убиен претседателски кандидат!

Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио е убиен во атентат за време на предизборен митинг во Кито во средата, кога напаѓач го застрелал во главата додека влегувал во својот автомобил.

Како што може да се види на видеото, Вилависенсио влегувал во автомобилот придружуван од обезбедувањето, а околу него биле и неговите поддржувачи.

Неколку моменти пред обезбедувањето да ја затвори вратата од автомобилот, одекнале истрели.

Како што подоцна изјави член на неговиот изборен штаб за локалните медиуми, Вилависенсио бил застрелан три пати во главата, наведуваат очевидци.

Во престрелката што следела бил ранет и осомничениот за атентатот, кој подоцна починал од повредите.

Инаку, првиот круг од претседателските избори во Еквадор треба да се одржи на 20 август.

Кампањата на Вилависенсио, освен на безбедноста на граѓаните, била насочена и кон борбата против корупцијата, со која се занимаваше и како новинар, но и на борбата за намалување на уништувањето на животната средина. Од штабот на Вилависенсио минатата недела објавиле дека тој и членовите на тимот добивале закани од водач на банда поврзана со шверц на дрога и дека во неговата куќа било пукано во септември минатата година, но никој не бил повреден.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ