сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСвет„Путин ефект“: Европа загуби 100 милијарди евра поради санкциите против Русија
spot_img

„Путин ефект“: Европа загуби 100 милијарди евра поради санкциите против Русија

Најголемите европски компании изгубија 100 милијарди евра од февруари 2022 година поради продажба, затворање или намалување на нивниот бизнис во Русија.

Од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година, произлегува дека 176 компании избегнале девалвација на нивните средства и дополнителни трошоци поради промената на бизнисот во Русија, се наведува во извештајот на „Фајненшл тајмс“.

Во овие пресметки не се вклучени индиректните трошоци како што е поскапувањето на енергијата и стоките.

Најголемите загуби се концентрирани во неколку сектори како што се енергетиката, автомобилската индустрија и финансискиот сектор.

Три компании од енергетскиот сектор – БП, Шел и Тоталенерџис објавија дека нивното повлекување од Русија ги чинело околу 40,6 милијарди евра, но „Фајненшл тајмс“ наведува дека овие загуби се надоместени со зголемувањето на профитот поради зголемувањето на цените на нафтата и гасот.

Загубите на европската автомобилска индустрија изнесуваат 13,6 милијарди евра, додека финансискиот сектор – банките, осигурителните компании, инвестициските компании загубија 17,5 милијарди евра поради заминувањето од Русија.

Гледајќи ги земјите, најмногу загубија компаниите од Германија, Франција и Велика Британија.

Повеќе од 50 отсто од вкупно 1.871 европски компании кои работеа во Русија пред војната се уште се активни во таа земја, според Киевската школа за економија.

Италијанскиот Уникредит, австрискиот Рајфајзен, швајцарскиот Нестле и британскиот Унилевер сè уште работат во Русија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ