сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСветСе уриваат рекорди, светот е во опасност: Ноември бил најтопол досега во...
spot_img

Се уриваат рекорди, светот е во опасност: Ноември бил најтопол досега во историјата, а 2023 ќе биде најтоплата година

Соборувањето на температурните рекорди оваа година продолжуваат. Ноември 2023 година бил најтоплиот ноември на глобално ниво откако се измерени температурите, објави службата за климатски промени на Европската унија, Коперник (C3S). Просечната температура на воздухот била 14,22 степени, што е за 0,85 степени повисока од ноемврискиот просек од 1991 до 2020 година и за 0,32 степени потопла од најтоплиот ноември забележан во 2020 година.

– Во 2023 година имавме шест месеци кои соборија рекорди и две сезони со соборени рекорди. Исклучителните глобални ноемвриски температури, вклучително и два дена кога температурата беше за 2 степени потопла отколку во прединдустриската ера, значат дека 2023 година е најтоплата година досега – изјавила Саманта Бурџис, заменик директор на Службата за климатски промени Коперник (C3S).

Ноември 2023 година бил 1,75 степени потопол од проценетиот просек за ноември помеѓу 1850 и 1900 година, референца за прединдустриската ера. Кога станува збор за тековната година, од јануари до ноември, просечната глобална температура е највисока откако е измерена. Тој е за 1,46 степени повисок од прединдустрискиот просек и 0,13 степени повисок од истите 11 месеци во 2016 година, која беше најтоплата календарска година до сега.

Есента 2023 година, септември-ноември, на северната хемисфера беше најтоплата откако се измерени температурите. Просечната температура изнесувала 15,30 степени, што е за 0,88 степени повисока од просечната.

– Се додека концентрациите на стакленички гасови продолжуваат да растат, не можеме да очекуваме поинаков исход од оној на кој сме сведоци оваа година. Температурите ќе продолжат да растат и тоа дополнително ќе влијае на топлотните бранови и сушите. Мора да достигнеме нула емисии на гас за ефикасно да ги намалиме климатските ризици – изјави Карло Бунтемпо, директор на Службата за климатски промени „Коперник“.

– Се додека концентрациите на стакленички гасови продолжуваат да растат, не можеме да очекуваме поинаков исход од оној на кој сме сведоци оваа година. Температурите ќе продолжат да растат и тоа дополнително ќе влијае на топлотните бранови и сушите. Мора да достигнеме нула емисии на гас за ефикасно да ги намалиме климатските ризици – изјави Карло Бунтемпо, директор на Службата за климатски промени „Коперник“.

Метеоролошката агенција на Обединетите нации (СМО) пред два дена соопшти дека глечерите се намалиле повеќе од кога било меѓу 2011 и 2020 година и дека повеќе од 75 отсто од мразот на Антарктикот е изгубен во споредба со претходната деценија, предупредувајќи дека светот ја губи трка за спас на глечерите што се топат. Метеоролошката агенција на ОН предупредува на овие промени во последниот извештај за последиците од климатските промени на планетата во текот на неколку децении, пренесе АП.

– Секоја деценија од 1990 година е потопла од претходната и не гледаме сегашни знаци дека овој тренд се менува – изјави генералниот секретар на Светската метеоролошка агенција, Петери Талас.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ