сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСвет(Видео) 104-годишна старица од Чикаго скокна со падобран за да го собори...
spot_img

(Видео) 104-годишна старица од Чикаго скокна со падобран за да го собори светскиот рекорд: „Годините се само бројка“

104-годишната Дороти Хофнер од Чикаго бара потврда дека е најстарата личност што скокнала со падобран бидејќи направила неверојатен подвиг за нејзината возраст.

„Годините се само бројка“, вели храбрата жена неколку моменти по безбедното слетување на полигонот во Отава.

Дороти изведе тандемскок (прикачена за инструктор) од височина од 4.100 метри, а сега се очекува Гинисовата книга на рекордите да го потврди нејзиното достигнување.

Жителката на Чикаго го направила својот прв скок со падобран кога имала 100 години. Тогаш, како што вели, морале да ја исфрлат од авион, а во неделата на 1 октомври инсистирала да го води скокот.

„Ајде да одиме, Џеронимо“, извика Дороти кога се смести во авионот.

Старицата изгледала смирено и самоуверено кога се отворила авионската врата. Нејзиниот лет траел седум минути, а на интернет се појавиле видеа и фотографии, кои покажуваат колку уживала.

Нејзините пријатели побрзаа да ѝ честитаат бидејќи таа безбедно слета и ја прашаа како е.

„Убаво е горе! Не може да биде подобро“, рече таа.

Дороти размислува за други предизвици пред својот 105-ти роденден во декември. Таа вели дека сега би можела да оди на возење со балон на топол воздух.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ