недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНад 70 места останаа слободни во средното текстилно училиште во Штип
spot_img

Над 70 места останаа слободни во средното текстилно училиште во Штип

Драстично намален интересот за учење во средното текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип. Годинава беа слободни 95 места за упис во прва година во четири профили, ама слободни останаа дури 71 место. Учениците можеа да бират во кој профил ќе ја продолжат едукацијата, техничар за изработка на облека, која е по концептот за дуално образование, за дизајн на облека, за моделирање на облека или со тригодишно образование конфекционер.

– Оваа учебна 23/24 година имаме само 24 ученика запишани во ова средно училиште. Ова училиште секоја година поднесува барање за формирање паралелки со помал број на ученици, така е и оваа година тие имаа барање за две паралелки и им беше одобрено тоа, изјави Снежана Санева, раководител на одд за образовние ЛС – Штип.

Пред само две децении, средното текстилно беше едно од најатрактивните и имаше и по  седум паралелки со голем број на ученици, a годинава има само две и тоа со намален број на средношколци. Според Санева осипувањето се чувствува во сите училишта, но најповеќе во среднoтото текстилно. Ова негативно се рефлектира и на пазарот на трудот, зашто текстилната индустрија во градот, веќе години наназад се соочува со недостаток на работна рака.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ