сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаЌе избие ли Трета светска - Ким Јонг Ун им се закани...
spot_img

Ќе избие ли Трета светска – Ким Јонг Ун им се закани на САД и Јужна Кореја со нуклеарна војна?!

Во севернокорејските државни медиуми САД и Јужна Кореја се обвинуваат за ескалација на тензиите до раб на нуклеарна војна и Пјонгјанг најави одговор со „офанзивна акција“.

– Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот Полуостров до неповратна катастрофа … на работ на нуклеарна војна, наведуваат севернокорејските медиуми.

Реакцијата на Пјонгјанг уследи по заедничките воени вежби на американската и јужнокорејската армија, што почнаа во март, во кои учествуваат и американски носач на авиони и бомбардери Б-1Б и Б-52.

За Пјонгјанг воените вежби се „проба за инвазија“ и ја засили својата воена активност изминатите недели. Северна Кореја минатиот месец истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, нарекувајќи го одговор на сојузничките вежби

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ