петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСценаСКАНДАЛ на домашната евровизија
spot_img

СКАНДАЛ на домашната евровизија

Зошто воопшто се дозволи народот да гласа за свој фаворит на домашниот избор на песна за Евровизија, кога на крај последниот збор го имаа пет странци? Волјата на нашиот народ не се испочитува, и ова не е во ред – се дел од бурните реакции на јавноста, по изборот за македонскиот претставник на Евровизија.

Како потсетување, на изборот победи Андреа, со песната ,,Circles” на Александар Масевски. Таа освои 4.300 гласа од онлајн гласањето, додека пак Виктор Апостоловски со песната ,,Супермен” на Владимир Дојчиновски освои речиси три пати повеќе гласови од јавноста, односно 12.621.

Според бодувањето од странската жири комисија, Андреа имаше најмногу поени, но на крај дојде до изедначување на нејзините и поените на Виктор, по што од МРТ соопштија дека според правилник, пресуден е бројот на највисоки оценки од жирито.

На страницата на МРТ1 Промо, нема јавен коментар во кој не се дава забелешка по повод изборот на нашиот претставник.

Немаше критики за песната на Андреа, туку револтот беше насочен кон организаторот, МРТ, и според реакциите, јавноста е револтирана затоа што наместо гласовите на народот да бидат пресудни во една таква, изедначена ситуација, се дозволило странско жири да ја носи финалната одлука и да одлучува за Македонија.

Како што објавивме вчера, по реакцијата на публиката се огласи шефицата на делегацијата на македонскиот евровизиски тим Мери Попова и образложи дека сите кандидати однапред биле запознаени со правилата и прифатиле да се натпреваруваат според истите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ