сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСценаГоран Здравков: Шкендија е квалитетна екипа, но Брегалница мора да оди по...
spot_img

Горан Здравков: Шкендија е квалитетна екипа, но Брегалница мора да оди по трите бода!

По двонеделната пауза поради репрезентативните обврски, овој викенд продолжуваат возбудувањата во нашата елитна лига со мечевите од 15.коло. Денеска во Штип се игра дуелот меѓу Брегалница и Шкендија со почеток од 13 часот, а утре на програмата се сите преостанати пет меча.

Брегалница иако не игра така лошо, сепак поради таа пуста реализација, во последните неколку кола пропушти да освои неколку бодови, па така во пресрет на денешниот меч четата на стратегот Горан Здравков е на претпоследното место на табелата, пред Вардар и тоа со освоени 14 бода.

Во пресрет на денешниот меч за “СпортСпорт“ свој коментар има стратегот на “сините“ Горан Здравков.

“Добро знаеме каде сме во моментов на табелата, добро знаеме со кого денеска играме. Не е тајна дела Шкендија е силна, квалитетна екипа, но сепак ние одиме по трите бода. Ако сакаме да се извлечеме од оваа ситуација во која сме сега, тогаш без разлика против кого играме Брегалница мора да оди на три бода, на победа. Играме дома, играме пред нашите фанови, во оваа пауза добро се подготвивме и јас сум оптимист дека Брегалница ќе одигра најдобро што може и дека против Шкендија денеска ќе дојде до резултат кој нас ќе ни одговара, а тоа секако дека е победа“ изјави Здравков.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ