сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСценаВиртуозот на тамани и нгони, Баба Сисоко од Мали, го отвора штипскиот...
spot_img

Виртуозот на тамани и нгони, Баба Сисоко од Мали, го отвора штипскиот фестивал на перкусии

Виртуозот на западноафриканските инструменти тамани и нгони, Баба Сисоко од Мали, вечерва ќе го отвори Фестивалот на перкусии на светот, кој ќе се одржи во Штип. Сисоко ќе настапи заедно со гитаристот Тони Китановски и со диџејот Гоце САФ.

Фестивалот почнува во 20 часот во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“, кој е и организатор на оваа манифестација. Влезот е слободен, а пред концертот, Баба Сисоко одржа мастерклас.

„На Баба Сисоко ова му е прво гостување во Штип, а трето во Македонија, по настапите во Битола и Скопје. Се надевам дека публиката ќе дојде во голем број, не поради тоа што влезот е бесплатен, туку поради музиката што ја презентираме. Тоа ќе бидат претежно мои и композиции на гостинот“, вели Китановски.

Баба Сисоко уште како дете свирел тамани и нгони, стари музички инструменти од западна Африка. Во 1991 го основал триото „Баба Сисоко и Тама Кан“, кое соработуваше со врвни уметници од целиот свет. Четири години подоцна го издал својот прв албум, на кој ја презентира музичката култура на луѓето од Бамбара, Сонраи и Конго, збогатена со џез и рок елементи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ