петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСценаБред Пит е во врска со шведската пејачка Лики Ли
spot_img

Бред Пит е во врска со шведската пејачка Лики Ли

Холивудскиот глумец Бред Пит има нова девојка, пишува британски „Мирор“. Тој веќе некое време се гледа со шведската пејачка Лики Ли. Двајцата вешто се криеле од јавноста бидејќи живеат многу блиску во Лос Анџелес. И нивен пријател вели дека се во тајна љубовна врска.

Тој вели дека особено се зближиле во последната година.

„Испадна совршено за Бред што има некој што живее толку блиску до него. Тие успеаа да ја сокријат врската од јавноста многу вешто“, рече тој.

Бред и Лики биле видени минатата недела заедно во еден познат ресторан во Холивуд.

Лики Ли е родена во Шведска. Таа стана позната со нејзините поп хитови. Една од најпознатите песни е I Follow Rivers, која на „Јутјуб“ е видена повеќе од 80 милиони пати.

Го има шестгодишниот син Дион, која го доби во врска со музичарот Џеф Башкер. Засега ни таа ни Бред Пит се немаат огласено за нивната врска.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ