петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДесетици улици и капитални проекти за Штип, од буџетот издвоени 250 милиони...
spot_img

Десетици улици и капитални проекти за Штип, од буџетот издвоени 250 милиони денари

И покрај големите долгови на ЈП „Исар“, Општина Штип нема да се откаже од асфалтирање улици. 37% од буџетот на Општината се издвоени за капитални инвестиции, а десетици улици низ населбите во Штип ќе се асфалтираат во рамки на проектот „Штип без кал“. Ова денес го соопшти градоначалникот, Иван Јорданов, според кој уште во првиот квартал од годината ќе се заврши реконструкција на улици, тротоари, водоводни линии и канализациони мрежи во износ од над 100 милиони денари.

„Веќе распишавме тендери за целосна реконструкција на улиците „Кежовица“ во Ново Село и улиците „Стив Наумов“, „Пане Гочев“ и „Бел Камен“ во Исарот. Овде е и комплетна промена на водоводната и канализациона мрежа. Оваа активност ќе ја реализираме заедно со ЈП „Исар“. Општина Штип распиша тендер и очекуваме со подобрувањето на временските прилики да започнеме со асфалтирање на улиците „Лески“, „Ристо Стојков“, „Баница“, „Ванчо Китанов“, „Цвета Јованова“, „Сутјеска“, „Пиринска“. Понатаму, уредување на паркинг простор на улицата „Пиринска“ спроти трговскиот центар „Дујле“, уредување на улици во поранешна Метална. Ќе ја асфалтираме улицата „Јосиф Ковачев“, ќе го уредиме тротоарот и ќе ја асфалтираме улицата „Васко Карангеловски“. Во завршна фаза е изработка на проект „Штип без кал“, а во рамки на истиот во наредните денови се очекува распишување на тендер за асфалтирање на улици во населбите Балканска, Железничка, Караорман, Чардаклија и Плуждино, кои досега никогаш не биле асфалтирани“, истакна Јорданов.

Како што додаде Јорданов, со подобрувањето на временските услови ќе се стави и вториот слој на улицата „Панче Караѓозов“. Освен улиците Општината распишала и тендер за реконструкција на патеки за пешаци, но и на водоводни линии. Меѓу нив е и главната водоводна линија 2 чија реализација ќе се почне во месец март.

„Ќе има реконструкција на патеки за пешаци на ул. „Партизанска“ во населба Осми ноември, дел од тротоарите на улиците „Христијан Карпош“, „Вардарска“, „Партизанска“ кај Дом на млади, „Гоце Делчев“ од Црквата „Св. Никола“ до автобуската станица, ул. „Крсте Мисирков“ до ул „Васил Главинов“ и ул. „Браќа Даневи““, додаде Јорданов.

Крстосницата во населба Сењак, ново противпожарно возило и опрема за пожарникарите во ТППЕ Штип и уште низа улици и проекти се предвидени во програмата за тековната 2022 година. За капиталните инвестиции од буџетот ќе се издвојат 250 милиони денари.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ