сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаЕкономијаЦените на нафтата паднале денеска поради корона затворањето во Кина
spot_img

Цените на нафтата паднале денеска поради корона затворањето во Кина

Цените на нафтата паднале денеска поради корона затворањето во Кина кое ги погодило економските активности во Шангај, главниот деловен центар на земјата.

Овој кинески финансиски центар, кој брои 26 милиони жители, им наложил на сите компании да го сопрат производството или да ги префрлат луѓето на работа од далечина во текот на локдаунот кој се спроведува во две вази во текот на наредните девет дена.

Ширењето на мерките на ограничување во земјата која е најголем увозник на нафта довело до пад на цените на црното злато.

Европската нафта “Brent” потонала за 3,39 долари на 117,26 долари по барел, додека американската “WTI” паднала за 3.41 долар на 110,49 долари за барел, известува “Reuters.”

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ