сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаЕкономијаОд наше Пехчево до Монте Карло (ФОТО)
spot_img

Од наше Пехчево до Монте Карло (ФОТО)

Веќе 18-та година по ред на крајниот Исток од државата успешно функционира и работи најголемата дрво-преработувачка индустрија во Република Северна Македонија, Дик Фагус Пехчево.

Предводени од генералниот менаџер Тања Јордева Тимовска, секојдневно 500 вработени успешно ги извршуваат своите работни задачи.


Со постојано вложување во најнова и најсовремена технологија, високо квалитетните материјали, како и со максималната посветеност на секој вработен оваа компанија успеа своите производи да ги пласира речиси секаде во Светот.

Доказ за тоа се и фотографиите кои неодамна генералниот менаџер Тања Јордева Тимовска ги објави на социјалните мрежи, каде што може да се види дека производите на Дик Фагус се присутни и во најелитниот бар во Монте Карло Buddha Bar.

Таа во една своја изјава скромно вели:

„Не беше лесен патот од Пехчево до Монте Карло”. Исто така, производите на Дик Фагус се присутни во повеке земји во светот како што се: Англија, Холандија, Франција, Белгија, Германија, како и во далечните Канада и Австралија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ