четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаЕкономијаЗападот му се поклони на Путин: Европската комисија прифати да го плаќа...
spot_img

Западот му се поклони на Путин: Европската комисија прифати да го плаќа рускиот гас во рубљи

Европската комисија (ЕК) испрати писмо до земјите-членки на ЕУ во кое објаснува дека компаниите од ЕУ можат да плаќаат за рускиот гас во рубли, само под „одредени услови“, без да ги прекршат санкциите против Москва, објави британската новинска агенција Ројтерс.

Таа советува дека е можно да се уплатат долари или евра на сметка во руска банка со последователна конверзија на тие пари во рубли. Оваа шема ја исклучува можноста за блокирање на западните земји да плаќаат за рускиот гас.

„Компаниите од ЕУ можеби ќе можат да работат околу барањето на Русија да добиваат плаќања за гас во рубљи без да ги прекршуваат санкциите доколку платат во евра или долари кои потоа се претвораат во руска валута“, соопшти во петокот Европската комисија.

Ова следи по предупредувањето на Москва, рускиот гас Европа да се плаќа во рубли. Во март, таа издаде декрет со кој се предлага купувачите на енергија доволно е да отворат сметки во Гаспромбанк за да вршат плаќања во евра или долари, кои потоа ќе се претворат во рубли.

На ова со свој коментар реагираше заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев: – Европската комисија дозволи плаќање на гас во рубли. Ја цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери.

Со овие иронични зборови Медведев додаде смешковци на својот профил на Телеграм и додаде: – ММФ процени дека ЕУ нема да издржи подолго од шест месеци без руски гас. Да бидеме сериозни, нема да издржи една недела.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ