петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСценаПрекрасен семеен момeнт: Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ уживаат со синот (ФОТО)
spot_img

Прекрасен семеен момeнт: Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ уживаат со синот (ФОТО)

Филип Живојиновиќ на својот Инстаграм профил често објавува фотографии од неговиот наследник Александар, што е плод на неговата љубов со Александра Пријовиќ.

Тој сега сподели неодолива семејна слика со сопругата Александра и синот Александар, која е создадена за време на нивниот престој во Америка.

Имено,Филип и Александра неодамна престојуваа на Флорида, каде што семејството Живојиновиќ има семејна вила во која често одат во текот на целата година, а во која престојувал Филип додека студирал.

„Сè“, напиша тој во описот на фотографијата, по што следеа голем број позитивни коментари.

Да потсетиме, Александра неодамна зборуваше за впечатоците од Америка.

– Таму е многу порелаксирано отколку овде. Сум била веќе неколку пати, најмногу се израдував на шопингот, најмногу го чекавме тој Орландо, за малиот да види. Сега ќе има три години, убаво беше. Најголем впечаток му остави Мики Маус, кој сега е главно нешто кај нас дома. Ги гледа снимките и кажува како било таму, бевме само еден ден, не успеавме да ги посетиме сите паркови – изјави неодамна Прија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ