петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаПетков му се јавил на Ковачевски поради искршените стакла и искинатите венци
spot_img

Петков му се јавил на Ковачевски поради искршените стакла и искинатите венци

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека вчера му се јавил бугарскиот премиер Кирил Петков и му побарал информации за два инциденти кои деновиве се случија во Скопје и Битола.  Поточно, станува збор за инцидентот на гробот на Гоце Делчев каде беа искинати ленти на венците оставени од бугарските делегации како и за искршените стакла во клубот на Бугарите „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-За искинатите венци на гробот на Гоце Делчев го информирав Петков дека МВР врши истражни работи, а за искршеното стакло во клубот во Битола му реков дека не е политички инцидент, туку инцидент мотивиран од приватни причини, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Текстил Солушн”.

Ковачевски додаде дека  Министерството за надворешни работи  ги продолжува преговорите.

-Претставници од МНР на 10 и 11 февруари ќе имаат разговори со бугарското МНР за отворените прашања и сите преговори се врз основа на почитување на европските вредности. Министерот за надворшени работи ќе соопшти за што се разговарало на тие средби, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ