Актуелниот претседатем на КФМ и поранешен македонски кошаркар, Перо Антиќ денеска оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што му подарил патики.
За подарокот Вучиќ ја информираше јавноста преку видео објавено на мрежата Инстаграм.- Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. И двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.Претседателот на Србија допатува во Скопје за да учествува на самитот на процесот Брдо-Бриони, на кој домаќин е претседателот Стево Пендаровски.