петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаСценаАдел триумфира на „Брит авордс“
spot_img

Адел триумфира на „Брит авордс“

Суперѕвездата на топ-листите, Адел, ги освои првите три награди на „Брит авордс“ во вторникот, во првото безродово издание на британските музички награди.

Ова беше првпат во историјата на годишните награди на британската поп-музика да нема родови поделби во категориите.

Поп-дивата родена во Лондон, или кралицата на Британците, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ја доби првата награда на вечерта Песна на годината за нејзиниот хит-сингл Easy on Me.

Песната е од нејзиниот најнов албум „30“, аудиозапис за кој Адел изјави дека го направила за да му помогне на својот деветгодишен син да сфати зошто се развела од татко му. „30“ воедно е и албум на годината.

„Би сакала да му ја посветам оваа награда на мојот син, и на Сајмон, на неговиот татко. Овој албум беше целото наше патување, не само мое“, рече насолзената Адел, мислејќи на својот поранешен сопруг Сајмон Конецки.

33-годишната пејачка и текстописец, исто така, ја освои наградата Уметник на годината, сега веќе без родова категорија во која беа номинирани и раперите Литл Симз и Дејв, како и Ед Ширан и Сем Фендер.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ