петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНова „зелена“ на Петков: Постои желба за решавање на спорот со Северна...
spot_img

Нова „зелена“ на Петков: Постои желба за решавање на спорот со Северна Македонија, но Македонци не барајте во Бугарија!

Бугарскиот премиер, Кирил Петков оствари средба со еврокомесарот за добрососедство и проширување на Унијата, Оливер Вархеи, кој е во посета на Бугарија. Бугарската Влада соопшти дека двајцата размениле мислења за актуелната ситуација во регионот, вклучително и во контекст на кризата предизвикана од војната во Украина.

„Петков и Вархеји разговараа за последните случувања во дијалогот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Премиерот ја потврди желбата да се најде заемно прифатливо решение за отворените политички прашања, имајќи ги предвид чувствителните теми за Бугарија. Петков истакна дека интензивирањето на секторската соработка меѓу двете земји придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање. Едно е јасно, во Бугарија нема малцинства, тоа треба да им биде јасно на сите, не ги барајте овде Македонците“, истакнаа од прес-службата на бугарската Влада.

И бугарскиот претседател Румен Радев со Вархеји разговараше за европската перспектива за земјите од Западен Балкан. Шефот на бугарската држава ги повторил „очекувањата на Бугарија за активна посветеност на Република Северна Македонија за решавање на отворените прашања во односите меѓу двете земји и одржливо спроведување на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ“, се наведува во соопштението.

Претходно денеска, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој учествува на форум во Софија изјави дека е разочаран за блокадата за почеток на преговорите, коментирајќи дека не треба повеќе да се губи време. Тој инсистира на решавање на спорот до јуни.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ