петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДоговорот со Владата вратен во „рикверц“: Градинките од утре ќе работат, училиштата...
spot_img

Договорот со Владата вратен во „рикверц“: Градинките од утре ќе работат, училиштата продолжуваат со штрајкот, СОНК најави масовен протест

Советот на Синдикатот за образование донесе одлука за продолжување на штрајкот во основното и средното образование, додека штрајкот во детските градинки ќе биде ставен во мирување. Тоа значи дека од утре градинките ќе продолжат нормално да работат. Причина за таквата одлука на Советот е интересот на родителите и децата и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст.

Штрајкот ќе продолжи се до изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со Владата. СОНК во знак на незадоволство од резултатите од преговорите одлучи да организира масовен протест пред Владата на 4 мај, изјави претседателот на СОНК Јоаким Неделков. Тој додаде дека Советот на СОНК жали за прекинот на наставата.

„Жали за пропуштената настава, за не одењето на учениците во училиште, за родителите кои имаат проблеми за згрижување на помалите деца, но истовремено бара разбирање и поддршка од сите засегнати затоа што ако имаме задоволни и мотивирани наставници образовниот систем ќе оди подобро и ќе имаме поквалитетно образование“, изјави Неделков.

Членството на СОНК не се согласува со владината понуда за покачување на платите од 12 проценти, и натаму останува на барањето за покачување од 18,4 проценти. Неделков апелираше до Министерството за образование да има разбирање за продолжувањето на штрајкот, затоа што огромен број на членови на СОНК тоа го бараат, а како што вели, тоа е социјално барање.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ