петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаТоа што Бугарија и го прави на Македонија, сега и се враќа...
spot_img

Тоа што Бугарија и го прави на Македонија, сега и се враќа од Русија: Санкции за Полска и Бугарија, Путин им го запре гасот!

И од поголемиот постои поголем, но и многу по моќен. Веќе одамна Бугарија дава санкции за Македонија во рамки на преговорите за влез во ЕУ, ниту ги признаваат нашиот јазик и историја, ниту нашето македонско малцинство во нивната земја. Е, сега дојде времето на кармата, момент кога Бугарија се наоѓа на црната листа. Бугарите добија санкции од супер-силната Русија, откако Владимир Путин реши да го сопре гасот за оваа држава.

Рускиот гигант Газпром денеска соопшти дека се прекинати сите испораки на гас за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да плаќаат во рубљи, јави „Би-Би-Си“. Полските и бугарските добавувачи на гас претходно информираа дека примиле официјални известувања од Газпром за прекинот на испораките.

Изјавата на Газпром дојде откако податоците утринава покажаа дека испораките на Полска преку Белорусија привремено паднале на нула пред да продолжат. Бугарската гасоводна мрежа, исто така, соопшти дека утрово сè уште добива руски гас.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ