четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОпштина Штип и Нардона Република Кина си подадоа рака: Амбасадорот Џанг Ѕуо...
spot_img

Општина Штип и Нардона Република Кина си подадоа рака: Амбасадорот Џанг Ѕуо најави инвестиции во градот под Исарот!

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека амбасадорот на Кина дава поддршка за економски развој на градот, потенцирајќи дека на оваа средба имало и претставници на кинески компании.

„На оваа средба зборувавме за соработка во правец на културно-образовен, економски и здравствен план. По оваа средба ќе заминеме да ја посетиме технолошката-индустриска развојна зона во Штип. Убеден сум дека во блиска иднина ќе привлечеме кинески компании во нашиот град“, изјави Јорданов.

Соработката од претходно да продолжи во иднина, потенцираше амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, кој воедно најави дека лично ќе се потруди да донесе инвестиции во Општина Штип.

„Јас искрено ќе се потрудам предноститите на Оштината да ги презентирам и воведам во компаниите на Кина, се надевам дека ова е почеток на идната соработка меѓу Народна Република Кина и Штип“, истакна Ѕуо.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ