четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаПолитикаЛавров најави дека Русија ќе воведе визи за „непријателските земји“, меѓу нив...
spot_img

Лавров најави дека Русија ќе воведе визи за „непријателските земји“, меѓу нив и Македонија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави подготовка на мерки за ограничување на влезот на граѓаните од земјите кои вршат „непријателски акции“ против Русија, пренесува Интерфакс. Меѓу овие земји е и Македонија.

„Сега се развива нацрт-декрет за одмазднички визни мерки во врска со непријателските дејствија на голем број странски држави. Овој чин ќе воведе голем број ограничувања за влез на територијата на Русија“, рече Лавров на состанокот на комисијата за меѓународна соработка на партијата Единствена Русија.

Шефот на дипломатијата потсети дека на 15 март беа усвоени измени на законската регулатива со кои се предвидува можност за примена на рестриктивни мерки против сите странски државјани, како и лицата без државјанство. Претходно, таквите мерки можеа да се применуваат само за американски државјани.

„Мислам дека со овој чекор ќе се прошири опсегот на алатки за влијание врз повеќе категории странски државјани. Пред сè, тоа се оние кои се вклучени во извршување на злосторства против руски државјани кои се во странство. Второ, тоа се лица кои вршат неразумен правен прогон на нашиот народ. И, конечно, тоа се оние кои носат неразумни одлуки кои ги нарушуваат правата и легитимните интереси на граѓаните и организациите на Руската Федерација“, рече Лавров.

Невозможно е да се каже пред објавувањето на нацрт-уредбата дали визните ограничувања ќе ги погодат граѓаните на „непријателските земји“ кои не припаѓаат на категориите наведени од Лавров.

Листата на „непријателски земји“, одобрена од руската влада на 5 март, вклучува: Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија, вклучувајќи го Џерси, Ангвила, Британските Девствени Острови, Гибралтар, сите земји-членки на Европската унија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино, Македонија, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ