сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов со порака до СДСМ: Вашите лаги ме прават посилен, делата ќе...
spot_img

Јорданов со порака до СДСМ: Вашите лаги ме прават посилен, делата ќе ја засенат вашата неспособност! (ФОТО)

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на својот Фејсбук профил упати јавна порака до СДСМ, обвинувајќи ги дека шират лажна вест и дезинформација за покачување на неговата плата!

Тој изјави дека целта е јасна, да се наштети лично на него како Градоначалник и на работата на Општина Штип!

„Згрозен сум од ваквите обидите на СДС, но во исто време и силно мотивиран …

Како Градоначалник на Општина Штип, сакам да ја обелоденам вистината за лагите и измислиците, кои се шират од кујната за лажни вести на СДС.

Целосно ги демантирам лажните вести, поврзани со платата на Градоначалникот на Општина Штип и ја информирам јавноста дека не се работи за зголемување на платата на Градоначалникот, бидејќи секој што го познава Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, знае дека платата на Градоначалникот е утврдена со член 17-в од споменатиот закон, во кој за исплата на плата на функционери и именувани лица, основицата е законски утврдена, а коефициентот со кој се множи основицата, се пресметува според бројот на жители.

Mojата плата останува иста како и на сите Градоначалници на Општина Штип пред мене, доказ за тоа е дописот од Министерство за финансии, во прилог на оваа објава!

А во периодот што следи веројатно ќе се начитаме вакви измислици и лаги, што за жал на нашите политички опоненти им е единствена надеж за добивање на ситни политички поени“, напиша Јорданов!

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ