четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаТраги-комедија: “Бугари” ќе гласаат и во Тетово, Касами се сретна со бугарскиот...
spot_img

Траги-комедија: “Бугари” ќе гласаат и во Тетово, Касами се сретна со бугарскиот амбасадор

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, како што информираат од Општина Тетово, на денешната средба се обврзале да се најде место во градот каде ќе гласаат бугарските државјани на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 април.

-На средбата на градоначалникот на Општина Тетово и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов се разговараше за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји. На средбата се разговараше и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија, информираа од Општина Тетово.

На 2 април се предвидени предвремените парламентарни избори во Бугарија, откако во јануари во тројца мандатари не успеаа да состават Влада.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ