петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Изминатите денови интезивно работиме во Ново Село
spot_img

Јорданов: Изминатите денови интезивно работиме во Ново Село

“Во изминатите денови интезивно работиме на делот под црквата Св. Спас во Ново Село, тоа што го реализиравме во изминатите неколку денови сакам да го споделам со јавноста, а се однесува на поставување на кошеви, голови во спортското игралиште. Исто така поставивме и детски реквизити со што го збогативе овој дел, поставивме и бекатон плочи на еден дел од самиот парк. Она што го планираме во наредните денови е да ја подигнеме постоечката заштитна ограда на игралиштето. Веќе сме во тендерска постапка за поставување на нова подлога на игралиштето со нови рефлектори кои комплетно ќе го осветлиме овој дел, со што овој дел од градот ќе добие нов лик во кои што ќе можат да спортуваат, рекреираат и одмараат најразлични генерации.
Но сакам исто така да најавам дека сите спортски, детски игралишта и содржини во сите населби во нашиот град дополнително ќе се уредат, онаму каде што ќе констатираме запустени содржини ќе ги реконструираме, а онаму каде што ќе фалат ќе додадеме нови.
Следна задача ќе биде уредување на игралиштето во населба Железничка и населба Баби”
изјави Градоначалникот Иван Јорданов

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ