сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтип ќе добие нов булевар – се решава проблемот со најкритичната сообраќајна...
spot_img

Штип ќе добие нов булевар – се решава проблемот со најкритичната сообраќајна точка во градот

Најкритичната сообраќајна точка во Штип ќе се урбанизира и модернизира. Делницата каде често пати се случуваат сообраќајни незгоди, а истовремено е и непријатна и грда слика ќе добие нов лик.  Стартува изградбата на булеварот „Партизанска„. Откако локалната самоупрвава не наиде на разбирање од централната власт, реши овој капитален проект со кој ќе се поврзат две големи населби во градот, да го реализира со сопствени средства. Тендерот за избор на градежна компанија којашто ќе го гради е распишан, а работите на терен стартуваат веднаш штом ќе дозволат временските прилики.

„Пробавме и преку Министерството за транспорт и врски, не успеавме. Пробавме да издадеме општинска обврзница и на тој начин да обезбедиме финансиски средства и во тоа не успеавме. Конечно смогнавме сили од општинскиот буџет обезбедени се средства во износ од 2,5 милиони евра за реализација на овој капитален проект„ изјави денеска градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

 Со проектот ќе биде опфатено и поставувајќи на нова главна водоводна и кализациона мрежа, со што ќе се реши и горчливото прашање на градот, а тоа се честите дефекти во водоснабдителниот систем. Паралелно со ова се работи и на проектот типски куќи каде ќе бидат сместени семејствата чии домови треба да се срушат, за да се изгради булеварот.

„Жалам што граѓаните, односно жителите од овој дел на градот кои временмо се сместени да домуваат, да бидат дислоцирани од страна на државните институции Центарот за социјални работи, бидејќи по трасата по која што ќе минува булеварот „Партизанска„ се сместени неколку објекти кои мора да бидат срушени„ изјави Јорданов.

Булеварското решение е во должина од еден километар, а ако работите се одвиваат според планот, градежните активности треба да завршат за една година. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ