недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо Штип се градат конзоли на реката Отиња од Влашкиот мост до...
spot_img

Во Штип се градат конзоли на реката Отиња од Влашкиот мост до судската зграда

Почна изградбата на пешачките конзоли на коритото на река Отиња, на потегот од Влашкиот мост до зградата на Основниот и Апелациски суд во Штип, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Реализацијата на овој проект, што треба да го реши проблемот со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје за овој потег чини 10 милиони денари.

– Ова што ќе се реализира ќе овозможи да се регулира паркирањето во централното градско подрачје, но и она што сакам да го најавам е и дека ќе има измена и во сообраќајниот режим, односно движењето на возилата на еден друг дел, во кој е опфатен и изградба на еден нов кружен тек кај зградата „Порта Пролет“. Со овие активности сметаме дека ќе се подобри функционирањето на двете главни сообраќајници во центарот на градот, рече Јорданов.

Штип пешачките конзоли на коритото на река Отиња 1

Тој најави дека за да се воведе двонасочен сообраќај на потегот од зградата на Основниот суд до зградата „Порта Пролет“ ќе мора претходно да се зголемат паркинг површините пред зградата на судот, потоа кај стариот Градски пазар и кај седумте Кули, за да можат жителите на станбените згради и куќи да си ги паркираат возилата.

Јорданов истакна дека во центарот на градот се гради и првата катна гаража, а очекува сите инфраструктурни проекти во центарот на градот да завршат во јуни годинава, со што Штип ќе добие еден помодерен изглед.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ