Почитувани, повелете на GOLDEN PIANO TALENTS FESTIVAL во Штип, кој ќе биде светски центар на класичната музика на 22 и 23ти Септември.
Ќе имате неповторлива можност да слушате 19 талентирани пијанисти од повеќе држави и 19 Македонски пијанисти кои ќе изведат 8 рецитали, концерт на македонски пијанисти и големиот ЦЕРЕМОНИЈАЛЕН КОНЦЕРТ на некои од победниците на натпреварот GOLDEN PIANO TALENTS 2023. Воедно ќе може да го проследите и свеченото доделување на наградите на победниците од повеќе пијанистички дисциплини од Италија, Израел, Германија, Шпанија, Полска, Монголија, Чешка, Србија, Турција, Холандија…
Влез: бесплатен
Посебна благодарност до пријателите на фестивалот: Општина Штип која секогаш ги поддржува културните настани, Музичка академија – Универзитет УГД, компанија ЕАМ-маици, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Почесен конзулат – Монголија, НУ Завод и Музеј, Дом на култура „Ацо Шопов“,„Јана “, „Нана“ и хотел Парк
Фестивалот е во организација на:
Интернационалното здружение за културен развој и едукација АРТ ФЕСТ