недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСценаДаниела Мартиновиќ и Саша Ковачевиќ викендов на штипската Пастрмалијада
spot_img

Даниела Мартиновиќ и Саша Ковачевиќ викендов на штипската Пастрмалијада

Викендов забавата е во Штип, каде ќе се одржи штипската Пастрмалијада 2023.

Манифестацијата ќе се одржи нa истото место како и претодната година, а ќе настапат познати македонски и странски ѕвезди, кои ќе ја забавуваат публиката од градот, регионот, но и цела држава.

На првата вечер најголемата ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ, а ќе настапат и Пајак и Лара. Во сабота настапуваат Амадеус бенд, Љубојна една од нашите групи – Амбасадори надвор од Македонија и ѕвезда на вечерта е веќе позната хрватска пеачка Даниела Мартиновиќ. Ова е последна година Пастрамалијдата да се одржи на ваков концепт. Градоначалникот Иван Јорданов најави новитети наредната година и позитивни промени кои се случуваат.За овогодинешното издание на штипската Пастрамалијда се издвоени 2,5 милиони денари пари од општинскиот буџет и од спонзори.- Оваа година е последна на одржување на штипската Пастрамалијада на овој концепт, на оваа локација. Од наредната година веќе спремаме едно позитивно изненадување, нов концепт, нова локација која за граѓаните ќе биде позната од догодина практично кога ќе се организираат сите потребни детали за новиот концепт, рече Јорданов.И оваа година е предвидено сечењето на џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ