недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСценаСо триото одиме навежбани и добро подмачкани, вели Влатко Стефановски пред настапот...
spot_img

Со триото одиме навежбани и добро подмачкани, вели Влатко Стефановски пред настапот на џез Фестивалот во Штип

„Влатко Стефановски трио“, „Гоце Стевковски квинтет“, „Скопје џез инк“ и студенти од Џез академијата во Штип утревечер ќе настапат на 11. издание на Астибо џез фест, кој ќе се одржи во Штип на летната сцена на Домот на млади.

Стефановски вели дека тој и неговите колеги со голем ентузијазам се подготвувале за концерот, а за Штип ги врзуваат убави спомени.

„По серијата концерти во регионот, со голем ентузијазам ќе свириме во Штип. Триото е одлично навежбано и убаво подмачкано“, ни изјави Стефановски.

Познатиот гитарист ни кажа дека концертот ќе биде патување низ сите 50 години од неговата кариера, со репертоар со најпознатите композиции.

„За Штип ме врзуваат посебни спомени, таму имам служено војска. Но, не сум само јас поврзан со Штип, туку и мојот син Јан, кој студира на Џез академијата“, ни изјави Влатко.

Неговиот син во триото свири тапани, а Иван Кукиќ бас гитара.

Фестивалот почнува во 20 часот со настапот на дипломците од Џез академијата, потоа следи групата „Скопје џез инк“. По нив е квинтетот на Гоце Стевковски и на крајот настапува Влатко Стефановски со триото.

Билетите се продаваат по цена од 400 денари онлајн, а пред самиот настан, на билетарницата на Домот на млади ќе чинат 500 денари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ