недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСцена„Астибо џез фестивал” во штипскиот Дом на млади – Ексклузивен гостин, маестро...
spot_img

„Астибо џез фестивал” во штипскиот Дом на млади – Ексклузивен гостин, маестро Влатко Стефановски

Единаесеттото издание на „Астибо џез фестивал“ ќе ја затвори летната сезона во штипскиот Дом на млади. Директорот на Дом на млади- Штип, Видан Лазарев, изјави дека за претстојното издание, кое ќе се одржи утревечер, подготвена е програма со неколку изведувачи, а веќе има и голем интерес од страна на публиката, имајќи ги предвид продадените влезници.

-Ќе настапат Влатко Стефановски Трио, по регионалната турнеја која ја имаа ова лето. Ќе настапи Гоце Стефковски Квинтет, „Скопје Џез Инк“, кои ќе го промовираат својот албум, и студенти од Музичката академија при УГД – Штип, бенд со име „Номад“ и ќе започнеме во 20 часот, рече Лазарев.

Посочи дека програмата е подготвена во соработка со Општина Штип, но поголем дел ја подготвиле самостојно како институција и сметаат оти истата е за сечиј вкус.

-Сметаме дека е време граѓаните на Општина Штип да почнат да апсорбираат култура на еден поинаков начин. Концертот ќе биде на отворено, како и сите претходни концерти кои беа во склоп на летната програма на Дом на млади. Се потрудивме да креираме програма за сечиј вкус, додаде Лазарев.

Ова ќе биде последен голем настан од овогодинешната летна сезона на летната тераса во штипскиот Дом на млади.

-Ја оценувам сезоната како успешна поради тоа што сите настани беа многу посетени, како самостојните концерти, така и концертите кои беа во склоп на Штипско културно лето, па вклучувајќи го и концертот на Коки Јанков, кој беше пред неколку дена. Летната сезона ја завршуваме со овој концерт, истакна Лазарев.

Во зависност од можностите и временските услови, и некои од следните настани ќе се одржуваат на отворено, но во повеќето случаи настаните, кои ќе бидат во помал размер, ќе се организираат во внатрешниот дел на институцијата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ