сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСе санира старата водоводна и канализациона мрежа на три штипски улици
spot_img

Се санира старата водоводна и канализациона мрежа на три штипски улици

Почна санацијата на старата водоводна и канализациона мрежа на улиците „Цветан Димов“, „Борко Талев“ и „Димо Хаџи-Димов“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов информира дека општината нема средства за целосно и веднаш да го реши проблемот со старата секундарна водоводна мрежа и затоа проблемот ќе се решава парцијална, согласно буџетските средства.

-Најпрво ќе се направи промена на подземната инфраструктура. Промена на дел од водоводната и канализациона мрежа. Повеќе од 60 домаќинства ќе добијат нови приклучоци на водоводна и канализациона мрежа, а по завршувањето на оваа активност на ЈП „Исар“ ќе се пристапи кон асфалтирање на овие улици, вели Јорданов.

Промената на водоводната и канализациона мрежа на овие улици ќе чини два милиони денари, а дполнително се обезбедени средства за асфалтирање на трите улици. Очекува целосната реконструкција на трите улици да се заврши за месец и половина, но како што вели, се ќе зависи од временските прилики.

Јорданов најави дека и на други улици во градот и низ населбите ќе има реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа, која во текот на летните месеци прави сериозни проблеми во водоснабдувањето.

-Според годишниот План и Програма за реконструкција на улици, ЈП „Исар“ ќе санира водоводна и канализациона мрежа на улиците „ 11 Октомври“, „Борис Кидрич“, „Коле Неделковски“, која што е оштетена заради дефектот што се случи минатата година на водоводната мрежа, а ќе имаме инвестиции и на улицата „Пиринска“, изјави Јорданов.

Штипскиот градоначалник, Јорданов претходно во интервју за МИА откри дека санацијата на главната водоводна линија и на секундарната мрежа ќе чини околу пет милиони евра.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ