четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно време, од пладне со пороен дожд, грмежи и ветер
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно време, од пладне со пороен дожд, грмежи и ветер

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени, а дневната од 17 до 26 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно време, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната утринска температура ќе биде до 13 степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ