сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотПо 6 години неплодност, трудница ѝ кажува на баба си дека е...
spot_img

По 6 години неплодност, трудница ѝ кажува на баба си дека е бремена со близнаци (ВИДЕО)

По 6 години борба со неплодноста, Саманта Мари ќе се радува на две бебенца.

Среќната трудница одлучи да ја изненади својата сакана баба со прекрасната вест, а видеото од тој момент разнежни многу лица.

Во него, идната мајка ѝ покажува бебешко боди на 90-годишната бабичка, а таа не може да поверува што се случува. „Ќе те прашував дали планирате да посвоите, бидејќи мислев дека не можеш да забремениш“ – ѝ вели бабичката.

Веднаш потоа, Саманта го покажува уште едното боди, откривајќи ѝ дека станува збор за близнаци.

Саманта ја изгубила својата мајка пред шест години, па нејзината баба верувала дека овие бебиња се подарок испратен од неа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ