сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотМеџити им се закани на пушачите, а тие остро му возвратија: „Што...
spot_img

Меџити им се закани на пушачите, а тие остро му возвратија: „Што ќе кажете за воздухот?“

„Ќе има ригорозни мерки за пушењето цигари во 2024 година, потпишавме протокол со Светската здравствена организавија (СЗО), пушачите нека му ја мислат како понатаму“.

Ова вчера го изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, директно заканувајќи им се на пушачите на цигари дека подобро за нив би било уште сега да почнат да размислуваат како да ја победат лошата навика.

Но, токму оваа негова реакција, кажана онака како што беше кажана, предизвика голем револт кај граѓаните, особено кај пушачите.

Писателот и инфлуенсер Божидар Божиновски веднаш преку социјалната мрежа Фејсбук го прозва министерот Меџити и побара од него да одговори на неколку прашања за загадувањето на воздухот.

„Зошто толку муабети за цигари? За да стигниме до главната тема, гледам ве интересира здравје и воздух. Бидејќи еве, министерот беше прашан за загадувањето на воздухот, кое е меѓу најголемите на светот, убива секоја година по 5.000 луѓе (околу еден Ресен, за споредба), Клиниката за белодробни болести е полна со деца кои не можат да дишат. И ја префрли топката, морам да признаам мајсторски и со помош на медиуми, на нешто сосема друго. Очекувам исто така силна реакција во коментари и статуси против оние кои загадуваат, печалат од тоа и оние кои им дозволуваат. Сигурен сум ќе ги има, да дишеме здраво е најважно. Еве ви ја главната тема, која ја поставија, министерот фрли коска. За да стигнеш до месо некогаш мора и коска да се глода. Што одговори министерот за загадувањето? Ништо, буквално. Ни збор. За тие 5.000 мртви, за тие 5.000 семејства кои изгубиле по некој, изгубиле мајка или татко, брат, сестра, сопруг, сопруга, деца останале без родител. Да, за тоа немаше ни одговор. Ни јавна реакција. Ниту овде ќе има дискусии како ви мирисаат алиштата од загадувањето за пари, ниту како косата мириса на запалени гуми и дизел ауспух, ниту како главата ве боли од само дишење, ниту па за децата ќе се кренете само да не таласате. 5.000 мртви годишно. Нивниот грев е дека дишеле. Одговор од министерот нема. Реакција од вас, иста ко на министерот. И наредна година уште 5.000 семејства во црно. Нечиј профит, нечија смрт. Промашени теми и молк“, реагираше Божиновски.

Тој се согласува дека пушењето цигари во затворен простор претставува проблем.

„Скоро никаков ама добро, лесно е да се удри на пушачи. Дур нѐ трујат политичари, бизнисмени, разни моќници. Ама да не се замеруваме, читаат сѐ од партии, ова е тема на ниво на елката, само весело и лесно“, напиша Божиновски.

Реакција пристигна и од инфлуенсерката Миа Костова, која вели дека не излегува на места каде што не е дозволено да се пушат цигари.

„Стварно не знам што се напнаа пушачиве, па еве просто, јас не излагам кајшто не се пуши. Се извинувам културно и не доаѓам затоа што, ниту ми се пие пијачка ниту ми е забавно да излегувам надвор. Инаку се пуши и во Србија и во Грција и во Дубаи… Нормално не по молови и маркети… Е сега, ако сакате да мирисате на неонатологија излагајте во чекална во Систина. В друштво секогаш има пушач. Најчесто тој решава кај ќе се иде. И ако може да се пуши во коцкарница, стварно не знам зашто тие што губат се понервозни од мене што не можам да запалам цигара со винце. Да си се пуши, на кој му смета нека излегува по хотели“, реагираше Костова.

Реакции од граѓани за изјавата на Меџити фрчат на сите страни. Ви пренесуваме дел од нив:

„Ова е совршена дебата за правење научен труд за пристрасност во потврда. Косата мириса и од загадениот воздух и од цигарите, тоа е факт. Едното не ја исклучува или делегитимира борбата со другото, ама недвојбено дека загадениот воздух е поголема закана од пушачите“.

„Средивте многу поважни работи во државата, сега уште ова ви остана“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ