сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаБалканПо навредливата песна за Македонија, бугарскиот рапер се жали во полиција дека...
spot_img

По навредливата песна за Македонија, бугарскиот рапер се жали во полиција дека му се заканувале по живот

Откако пред неколку дена бугарскиот рапер Иван Динев – Устата ги разбранува духовите во земјава со песната „Лекција по македонска историја“, изведувачот добил стотици пораки со закани по неговиот живот.

Пејачот вчера поднел пријава во полиција, а денеска документи ќе стигнат до Државната Агенција за Национална сигурност (ДАНС) и бугарското МНР, пишува Локално.мк.

Во средата раперот поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што му ги поставувале таму биле апсурдни.

„Затоа решив да се обратам до повисоките институции“, изјави Динев за бугарска „НОВА“.

Пред неколку дена Динев сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека добил над 100 смртни закани по објавувањето на песната чија порака била насочена кон Македонија.

„Прва лекција за историјата на Македонија. Ова не е земја, туку територија“, се дел од римите во песната.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ