петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПочна уредувањето на влезот пред станбените згради во Штип
spot_img

Почна уредувањето на влезот пред станбените згради во Штип

Почна уредувањето на влезот пред станбените згради на улица „Сремски фронт“ во населбата Автокоманда. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска беше на увид во градежните работи посочи дека станува збор за дел од активностите од Програмата за уредување на градежно земјиште, според која се веќе уредени влезовите на станбени згради во некои од населбите, како Сењак, а и централното градско подрачје.

-Ќе се поставуваат павер-елементи, урбана опрема, повеќе клупи и простор за паркирање на автомобилите и возилата од овие станбени згради. Она што го затекнавме, навистина, создаваше промени во секојдневното функционирање на жителите од овие станбени згради, одлучивме да влеземе со уредување на овој простор, вели Јорданов.

До крајот на годината на вакво уредување ќе се работи во населбите Автокоманда, Сењак, Пребег, како и останатите населби кои имаат згради стари повеќе од 40 години. Целта е модернизација на просторот.

-Како што најавиме, очекувам до крајот на годината најголем дел од населбите коишто имаат станбени згради да се изврши уредување на просторот пред влезовите, партерно и хортикултурно, осветлување, поставување урбана опрема со цел да го модернизираме изгледот на нашиот град во сите делови, рече Јорданов.

Уредувањето на влезот пред станбените згради на улица „Сремски фронт“ е инвестиција вредна 1.600.000 денари, пари обезбедени преку општинскиот буџет.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ