сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsБлагој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината...
spot_img

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од Државната комисија за спречување на корупција е казнет со 150 евра затоа што не пријавил за време на неговиот мандат дека во болницата во Штип се вработиле неговата сопруга и нејзината сестра.

Бочварски, како што велат денеска од ДКСК, веќе ги платил 150-те евра. Претходно опозицијата тврдеше дека двете сестри се вработени без јавен пглас. Тие биле превземени од приватна болница со работен стаж од само три месеци.

Иако штотуку  биле дипломирани, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство експресно се согласиле за нивното вработување во штипската болница.

-Искористени се слабостите за брзо вработување, а по само два месеци била донесена владина одлука и здравствените институции добиле наредба дека може да се превземе кадар само ако два месеци по ред нема кандидати на огласот, рече денеска Катица Николовска од „Антикорупциска“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ