петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОд денес горивата со повисока цена во Македонија!
spot_img

Од денес горивата со повисока цена во Македонија!

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 08.05.2022 година.

  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
  • Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,273 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 38,882 ден/кг.

  • Во образложението на одлуката стои: 

  • Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,761% или за 5,850 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,455 или за 16,150 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,227% или за 14,150 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,217% или за 5,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

  • Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0324 ден/$ и е за околу 0,259% повисок од курсот на доларот (55,8878 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ