сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно, врнежливо и потопло време
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно, врнежливо и потопло време

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претежно попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната утринска температура ќе се движи до 11 степени, а максималната дневна до 21 степен.

И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Особено вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер (над 60 км/час)

Во Скопје променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ