сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНиту Пабло Ескобар не им е рамен: Акција во штипскиот затвор -...
spot_img

Ниту Пабло Ескобар не им е рамен: Акција во штипскиот затвор – Пронајдени телефони, ножеви, пари, дрога и штрафцигери!

Мобилни телефони, ножеви, штрафцигери, пари и дрога утрово биле најдени во акција во штипскиот затвор. Акцијата била спроведена од Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со Затворската полиција.

Акцијата е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ,ќе сноси одговорност.

„Никој нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, велат од Министерството за правда“, стои во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ