петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЗошто маче сељак: Нефи Усеини ги пцуеше новинарите од Телма (ВИДЕО)
spot_img

Зошто маче сељак: Нефи Усеини ги пцуеше новинарите од Телма (ВИДЕО)

Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини е познат не само по инцидентите и дивоградбите, туку и по тендерите што ги добива неговата фирма во локалните јавни претпријатија, и покрај тоа ште е советник од ДУИ во општинскиот Совет.

Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија.

Во ноември лани, неговата градежна механизација беше ангажирана во ЈП Нискоградба Охрид за 1 милион и 350 илјади денари.

Во јануари пак, има склучен догвор со Охридски Комуналец за набавка на градежен материјал во вредност од 1 милион денари, а во март добил тендер со Градски гробишта Охрид, тежок 9,5 милиони денари.

Според Нефи Усеини нема судир на интереси затоа што вели управител на фирмата е неговата сопруга, а тој како советник не носи одлуки за тендерите. Сепак во кусиот телефонски разговор не можеше да го сокрие својот насилен карактер.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма

Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.

Охридското обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Нефи Усеини.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ