петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСпортНајстариот тенисер во светот има 98 години
spot_img

Најстариот тенисер во светот има 98 години

Леонид Станиславски има 98 години и официјално е најстариот активен тенисер според Гинисовата книга на рекорди. Тој е бегалец од Украина, кој морал да побегне од својот Харков во Полска, каде Агњешка Радванска, поранешна втора тенисерка во светот, му приредила ронка радост во мрачната реалност.

Двајцата одиграа неколку поени и тој скратен натпревар заврши нерешено. Радвањска му подари на Станиславски еден од своите рекети и фото албум во кој се прикажани моментите од нејзината кариера.

-Воодушевена сум што бев со господин Леонид, се разбира, борбата на неговата нација, како и неговиот став и волја да живее, да спортува и да биде активен. На негова возраст да биде во оваа форма е навистина за поздравување. Играњето тенис е навистина голем предизвик, па затоа ми беше задоволство да играм со него, изјави Радвањска.

Станиславски во минатото беше на теренот со некои од најголемите имиња во спортот, меѓу кои и Рафаел Надал. Тој сега сонува да игра со кремот на сегашната генерација полски играчи, Ига  Швјонтек, кој штотуку го презеде бр.1 на ВТА листата и поранешниот АТП топ 10 играч Хуберт Хуркач.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ