четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПо повеќе од три месеци одроните на пешачката патека во штипско Ново...
spot_img

По повеќе од три месеци одроните на пешачката патека во штипско Ново Село отстранети

По нешто повеќе од три месеци, одроните кои паднаа на пешачката патека во штипско Ново Село конечно се расчистени. Истовремено, отстранети се и другите карпи кои претставуваа реална опасност за граѓаните, а се поставува и заштитен слој со кој ќе се заштитат граѓаните кои пешачат и се рекреаираат овде секојдневно.

„Ние како ЈП Стипион преземавме голем број на активности поврзани со свлечиштето на карпа кое што беше на пешачката патека. Во периодот кој помина исчистени се некаде околу 200 метри кубни на карпа. Исто така беа санирани сите оние опасни надвиснати карпи од наша страна и во овој момент се вршат активности, однсно се поставува заштитен слој од габиони со што ќе ги заштитиме сите оние рекреативци кои ќе ја користат патеката“ – кажа Ефтимов.

По паѓањето на карпите на пешачката патека имаше опасност да се свлечат и други карпи, па се предвидуваа и неколку начини за санирање на овој дел на патеката. Минирање или работа на рака беа само дел од предлозите. Ефтимов денеска истакна дека работата е завршена со механизација на ЈП Стипион, што значи не се потрошени дополнителни финансиски средства.

„Ние консултиравме и луѓе кои што се задолжени за минирање и луѓе кои се задолжени за квалитетот на карпите. Беше установено дека има голема количина на карпа која со минирање може целата да се свлече врз патеката и затоа се бараше начин за најлесно и најбрзо санирање на овој проблем. Санирањето беше со наша механизација, со онаа специјална машина која се вика клукач“ – додаде Ефтимов.

Работните активности на пешачката патека во Ново Село е предвидено да завршат за една недела. Потоа, патеката нема да биде забранета за пешачење и рекреација. Инаку, одронот карпи падна на 14 декември минатата година, кога и врпочем патеката се забрани за минување на пешаци со цел да се гарантира нивната безбедност.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ