сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСпортМакедонија губи 0-7, а од УО на ФФМ локаат вино на „Олд...
spot_img

Македонија губи 0-7, а од УО на ФФМ локаат вино на „Олд Трафорд“! (ФОТО)

Македонија вчера доживеа епска катастрофа на култниот „Олд Трафорд“ и загуби со 0-7 од Англија во евроквалификациите, но очигледно не беа сите наши луѓе таму разочарани, зашто имаше и такви кои уживаа за време на натпреварот. На нивна, а богами и на наша жалост, тоа се неколку членови на Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Ниту бурните реакции на јавноста по дебаклот на македонските фудбалери на „Олд Трафорд“ очигледно не биле доволни за членовите на УО на ФФМ, Борче Лазаревски, Марјанчо Стојкоски и Владимир Гашевски да си ја „чукнат главата“ и да размислат пред да објават фотографии на кои може да се забележи како си пијат вино, додека нашите репрезентативци пишуваат негативна историја.

Лазаревски утрово се пофали со фотографија на Инстаграм како ужива заедно со Гашевски и Стојкоски во ВИП делот на „Олд Трафорд“, без разлика на резултатот, нешто што навистина не доликува на луѓе кои се на одговорна функција и треба да се грижат за македонскиот фудбал.

Или ние се лажеме дека тие се такви? 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ