Драги штипјани и љубители на спортот, започна пријавувањето за овогодинешното издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „ВЛАТКО ПЕТРОВ 2023“, кое ќе трае во период од 17.06.2023 до 06.07.2023 за кога е закажана ждрепката на екипите по групи.
Пријавувањето може да го направите преку контактирање на следните лица:
- 076/444-038 – Васе
- 078/355-978 – Даниел
- 075/206-494 – Стефан
или преку официјалнaтa електронска пошта на турнирот:
Ве молиме пред пријавата задолжително да го прочитате правилникот кој што можете да го најдете на нашиот официјален веб сајт:
www.vlatkopetrovturnir.mk/prijavuvanje/
Награден фонд од 210 000 денари
- I место – 110 000 денари
- II место – 55 000 денари
- III место – 30 000 денари
- IV место – 5000 денари
Индивидуални награди за најдобар стрелец, најдобар голман, пехари, плакети, признанија и уште многу други изненадувања.
Котизација за учество : 3000 денари
Распоредот на натпреварите ќе биде познат 2 до 3 дена по завршување на ждребот, во зависност од бројот на пријавените екипи.
Бројот на екипи е неограничен.
Натпреварите ќе се играат на спортскиот центар Влатко Петров во населбата Чардаклија – Штип на тартан подлога.
НАПОМЕНА
И ПОКРАЈ ПАРИЧНИТЕ НАГРАДИ, ТУРНИРОТ Е ОД МЕМОРИЈАЛЕН КАРАКТЕР И СЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ЕКИПИТЕ ДА БИДАТ ФЕР И КОРЕКТНИ, ВО СПРОТИВНОСТ СЛЕДИ ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА!
Организатор
Здружение на граѓани
ВЛАТКО ПЕТРОВ Чардаклија