сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо завршна фаза реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“: Влезот на градот...
spot_img

Во завршна фаза реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“: Влезот на градот ќе биде конечно безбеден, Штип добива модерен и урбан изглед!

Реконструкција на тротоарот на булеварот ,,Гоце Делчев” е во завршна фаза, информираа надлежните служби од Општината Штип.

Како што велат од Општината, студентите и граѓаните кои најчесто го користат овој дел за транзит ќе можат безбедно да се движат по овој дел од градот кој долги години беше руиниран.

Проектот предвидува хортикултурно уредување и нови тротоарски површини, а потоа и нов асфалтен слој на коловозот, се со цел да се уреди влезот во градот, истиот ќе биде завршен веќе следната недела.

„Од бензиската Лукоил до вториот кружен тек кај поранешна Алумина ќе биде асфалтиран влезниот булевар на Штип. Покрај тоа ќе има изграден и проширен соодветен тротоар за пешаците, а дополнително ќе има и хортикултурно уредување“, изјави градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ