петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМоторџиите дивеат без граници во центарот на градот: Штипјани реагираат на бучавата...
spot_img

Моторџиите дивеат без граници во центарот на градот: Штипјани реагираат на бучавата и хаосот во сообраќајот, надлежните се правдат дека се на терен

Група малолетници со своите мотоцикли низ штипските улици возат на едно тркало и создаваат силна бучава, вакво видео беше објавено на социјалноте мрежи, по што наиде на бурни реакции од граѓаните. Во однос на реакциите на граѓаните за постојана бучава од мотоцикли, како и за ваквите видео – снимки, од СВР Штип велат дека постојано се на терен.

-Ние како СВР Штип постојано сме на терен и ги санкционираме прекршоците направени не само од мотоциклистите, туку и од сите несовесни возачи и учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Со кампањите прво превенираме, а потоа и соодветно реагираме и санкционираме. Секако, и во конкретниов случај ќе преземеме соодветни мерки и активности, истакнаа од СВР Штип.

Посочуваат дека при последните две контроли СВР Штип одзеде 13 мотоцикли поради предизвикување поголема бучава. Од вкупниот број, 45 прекршоци при првите две контроли, 24 биле за неносење заштитна кацига за време на возењето, седум за управување мотоцикл без возачка дозвола, три за измината важност на осигурителната полиса, по еден за нерегистрирано возило и измината важност на сообраќајната дозвола и четири останати прекршоци.

Последната контрола, пак, се спроведе во текот на денешниот ден во периодот од 8 до 14 часот и притоа одземен е еден мопед, а најмногу од прекршоците повторно се за неносење заштитна кацига.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ